Почитувани,
Ве информираме дека на ден 07.11.2022 (понеделник) се објавени огласите за невработени лица и работодавачи за мерките (ОП 2022 – ИПА):
2.1 Субвенционирање на плати-ИПА (за 6 месеци, со обврска од +3 месеци);
3.1 Обука кај познат работодавач-ИПА;
5. Практикантство-ИПА (само за млади до 29 години),
преку проектот на АВРСМ „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“.
Огласите се објавени на веб-страната на Агенцијата, како е во дневните весници Слободен печат и Коха.
https://www.av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx
Сите заинтересирани рабодотавачи и невработени лица можат да аплицираат согласно условите наведени во јавниот оглас.
ВАЖНО!
Целната група е проширена, освен ГМП корисници(корисници на гарантирана минимална помош), се вклучуваат и лица од следните категории на невработени лица:
∙ жени,
∙ Роми,
∙ млади до 29 години,
∙ лица со попреченост, и
∙ долгорочно невработени лица
Ви благодариме на соработката,
Со почит
Mr.Jeshim Sefulovska
Раководител на Центар за вработување Битола
Агенција за вработување на
Република Северна Македонија
Адреса: „Ѓорче Петров “ ББ. , 7000 Битола
Тел. +389 47 237 464
Моб. +389 71 33 02 35