- Донесува Статут на Општината.
- Донесува Деловник на Советот
- Донесува програма за работа
- Донесува буџет на Општината и годишна сметка на Општината
- Ја утврдува висината на стапките на даноците и висината на надоместоците и таксите
- Донесува Генерален урбанистички план
- Донесува детални урбанистички планови, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место во Општината
- Донесува прописи од областа на заштита на животната средина и природата, локалниот економски развој, културата, спортот и рекреацијата, социјалната заштита и заштитата на децата, образованието, здравствената заштита, противпожарната заштита во рамките на надлежноста определена со посебен закон или во согласност со националната програма
- Донесува Програма за одржување на сообраќајната сигнализација
- Донесува Програма за изградба и одржување на локални патишта и улици
- Донесува Програма за изградба и одржување на локални патишта и улици
- Донесува Програма за јавно осветлување
- Донесува Програма за изградба, реконструкција и одржување на водоводи
- Донесува Програма за одржување на јавната чистота
- Донесува Програма за одржување и користење на парковите и други јавни површини од локално значење
- Донесува Програма за одржување на гробиштата
- Донесува Програма за одржување и користење на реките во урбанизираните подрачја
- Донесува Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја
- Донесува Програма за спроведување на аерозапрашување (аеросолна дезинсекција) на подрачјето на Општината
- Донесува Одлука за комунален ред
- Донесува Одлука за начинот на превоз на градскиот и приградскиот сообраќај
- Донесува Одлука за одржување и користење на јавните пазаришта
- Донесува Одлука за одржување и користење на гробиштата
- Донесува Одлука за подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на спомен облележјата
- Донесува Одлука за регулирање на режимот на сообраќајот
- Донесува Одлука за висината на комуналните такси
- Го уредува начинот на чистењето на оџаците
- Го уредува одржувањето на јавниот на јавниот простор за паркирање и начинот на неговото користење
- Определува имиња на улиците, плоштадите, мостовите и други инфраструктурни објекти од локално значење
- Ја утврдува организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација по предлог од Градоначалникот
- Основа јавни служби и врши надзор над нивната работа и дава согласност на Статутот
- Именува членови во управните и надзорните одбори на јавните служби што ги основа
- Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби што ги основала Општината
- Одлучува за давање на дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење во согласност со законот
- Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби што ги основала Општината
- Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Општината
- Одлучува за начинот на вршење финансиска контрола на Буџетот на Општината, во согласност со законот
- Го избира лицето кое раководи со Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во согласнос со законот
- Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавна безбедност на подрачјето на Општината што го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител
- Може да дава препораки на раководното лице на Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот
- Избира и разрешува претседател на Советот
- Формира постојани и повремени комисии.
- Врши одделни овластувања во согласност со закон врз добрата за општата употреба и врз природните богатства на подрачјето од општината
- Востановува општински признанија и награди
- Дава мислење по предлог законите кои се однесуваат на Општината
- Врши и други избори и именувања од своја надлежност
- Врши и други работи утврдени со закон.
Почетна
Надлежност на советот на Општина Могила