Драганчо Саботковски е роден на 11 јуни 1989 год. во Битола. Саботковски е семеен човек, татко на едно дете. Основно училиште завршува во ОУ „Кирил и Методиј“ во с. Могила, а средно образование во СОТУ„ Ѓорѓи Наумов“ во Битола. Своето неформално образование го продолжува преку многубројни курсеви, конференции и обуки за претприемништво, финансиско работење, мрежен маркетинг и обуки од областа на продажбата и осигурувањето.
Претходно работи како агент за продажба на осигурување. Одговорно работење и фокус кон најдобра услуга за клиентите е негова карактеристика. Тој е комуникативен со свој изграден став и карактер и секојдневно е во контакт со жителите на општината. Своето знаење и искуство од завршените обуките за успешни земјоделски практики и иновативни технологии во земјоделството несебично ги споделува со сограѓаните, но знае и да го извлече најдоброто од искуството на другите, што е карактеристика на една отворена и достапна личност.
Голем патриот, чесен човек со високи морални, лични и професионални квалитети, кој се залага за решавање на проблемите на граѓаните. Поддржувач е на голем број спортски настани во општината и има организирано многубројни хуманитарни акции заедно со своите сожители и пријатели.
На 17-ти октомври 2021 година, Драганчо Саботковски е избран за градоначалник на општина Могила во прв круг со голема разлика пред противкандидатите. Негова најголема амбиција е Могила да стане поубаво место за живеење, да биде инфраструктурно уредена и да се намали иселувањето на младите од Могила.
Прием кај градоначалникот е секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.
- Ја претставува и застапува општината;
- Ја контролира законитоста на прописите на Советот;
- Ги објавува прописите на Советот во Службен гласник на општина Могила;
- Го обезбедува извршувањето на работите кои што и се со Закон делегирани на општината;
- Иницира и предлага донесување на прописи од надлежноста на Советот;
- Го предлага годишниот буњет и годишната сметка на буџетот на општината;
- Го извршува Буџетот на општината;
- Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
- Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
- Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со законот;
- Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
- Раководи со општинската администрација;
- Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
- Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со законот и статутот и врши други работи утврдени со законот и со статутот.
Ви благодариме на вашето интересирање за поставување на прашање до Градоначалникот на Општина Могила. За да осигураме брза и ефикасна комуникација, ве молиме прочитајте ги следниве услови пред да го пополните формуларот:
- Кодекс на комуникација – Ве молиме користете учтив и соодветен јазик во вашето прашање. Навредливиот, дискриминаторски или несоодветен јазик нема да се толерира и може да резултира со игнорирање на вашето прашање.
- Релевантни теми – Ве молиме ограничете го вашето прашање на теми кои се во надлежноста и одговорноста на Градоначалникот и Општината. Прашања за неповрзани или лични теми нема да бидат разгледани.
- Комплетни и јасни прашања – Ве молиме поставете детално и јасно прашање, нејасни или непотполни прашања нема бидат разгледани. По потреба, обезбедете дополнителен контекст или релевантни детали за подобро разбирање на вашето прашање од страна на Градоначалникот.
- Навремена и одговорна комуникација – Градоначалникот ќе направи напори да одговори на вашето прашање навремено, во зависност од сложеноста и обемот на прашањата. Ве молиме наведете го претпочитаниот метод на одговор во формуларот и обезбедете точни информации за контакт за да обезбедите ефективна комуникација.