Апел до жителите на Општина Могила

АПЕЛ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА МОГИЛА

Општина Могила упатува апел да се почитуваат препораките и законските одредби од страна на Владата на Република Северна Македонија, како и препораките од страна на Општина Могила.

  1. Се апелира до сите жители на Општина Могила да го намалат движењето во институциите, со исклучок на итни и неодложни работи.
  2. Жителите на Општина Могила да го сведат на минимум движењето надвор од своите домови, со исклучок за итни и неодложни работи. Особено оваа препорака се однесува за посетување на угостителски објекти, паркови и останати отворени и затворени простории со капацитет за собирање на поголема група на луѓе.
  3. Информациите повразни со новонастанатата ситуација со КОВИД-19 (Корона вирус), да се црпат исклучиво од Министерството за здравство, поради тоа што информациите од неофицијални извори доведуваат до паника кај населението.
  4. Лицата кои биле надвор од територијата на Република Северна Македонија и лицата кои се сомневаат дека имаат симптоми на корона вирус, им се препорачува да го контактираат Центарот за јавно здравје – Битола на тел. 071/261-330
  5. Општина Могила ги почитува сите дадени препораки да не доаѓаат на работа лицата со хронични заболувања како и бремените жени.
Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email
Print

Информации

Седници на совет

Mogila_Municipality

Општина Могила

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.

Општина Могила © 2024. Сите права се задржани. Дизајнирано од Optimus Solutions.