Со јапонска помош обновено училиштето во селото Добрушево во Општина Могила
Денес о. Могила ја посети Заменик Шефот на Мисисја г-дин Такахаши Сатору. Г-динот Такахаши е претставник од Јапонска амбасада која донираше износ од 54 325 Евра во рамките на проектот ,, Подобрување на училишната средина на ООУ,,Браќа Миладиновци ” Добрушево. Донацијата беше наменета за реновирање на ООУ,, Браќа Миладиновци” Добрушево и се состоеше од : Поставување на нови ПВЦ прозорци и врати; Изградба на дренажен ситем ; Поставување на олуци и снегобрани; Изработка на фасада на училиштето; Поставување на централен систем преку радијатори за парно греење со котел на пелети; Изградба на котлара; Внатрешно молерисување и уредување на училниците и другите простории.
Тој беше пречекан од страна на градоначалничката на о. Могила Јасмина Гулевска и директорката на основното училиште Браќа Миладиновци-Македонка Соклевска. Г-динот Такахаши најпрво ја посети општинската зграда а потоа со градоначалничката и директорката се упатија кон училиштето Браќа Миладиновци. Таму Г-динот Такахаши ја прошета училишната зграда и беше презадоволен од изгледот на училиштето, како и од самото место.