Училишен прибор за сите првоодделенци во Општина Могила

Училишен прибор за сите првоодделенци во Општина Могила

Градоначалникот на Општина Могила, Јасмина Гулевска, заедно со администрацијата од општината денеска ги посетија централните и подрачните училиште во општината. На првооделенците им беше доделен училишен прибор на 53 ученици – првоодделенци во сите централни и подрачни училишта на територијата на општината.

Градоначалникот Гулевска на учениците им посака успешна учебна година, со желби за многу здравје и најави дека и во наредниот период локалната самоуправа ќе инвестира во подобрување на условите за учење во трите централни и сите подрачни училишта во општината.
40593661_2277406042516497_5981073913407340544_n

40598982_2277405835849851_8648592549499371520_n

40610428_2277405842516517_3367338769056268288_n

40664550_2277406182516483_4369327782782566400_n

40685010_2277406202516481_3150111323363213312_n

40685607_2277405855849849_6732123913767092224_n

40808612_2277406159183152_4378754759255916544_n