Средба на градоначалничката на Могила со амбасадорката на Турција во Македонија

Средба на градоначалничката на Могила со амбасадорката на Турција во Македонија

Градоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска, оствари средба со амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара. На средбата се разговараше за тековните активности што локалната самоуправа ги реализира во населените места во општина Могила. Амбасадорката на Република Турција Кара даде поддршка во работата на градоначалникот Гулевска и најави дека во најскоро време ќе оствари посета на општина Могила.
40684010_2277524769171291_1674079210034954240_nОпштина Могила и Амбасадата на Република Турција во Република Македонија заеднички ќе го решаваат проблемот со фекалната канализација во населените места во општината, со што ќе им се помогне на македонското и турското население во општината. Градоначалникот Гулевска и амбасадорката Кара, на средбата акцент ставија на женската популација во општината, и во наредниот период ќе работат на нивна инклузија во општественото живеење во општина Могила.