Препораки и сугестии за жителите на Општина Могила

Препораки и сугестии за жителите на Општина Могила

Почитувани,

Општина Могила на одржаниот состанок на кризниот штаб донесе одлука за формирање на мобилен тим составен од волонтери за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со попреченост во општината. Секој оној граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена, со цел да не остварува непосреден контакт со останати луѓе и се изложи на дополнителна опасност од инфицирање со Ковид-19 (коронавирус) ќе може да телефонира секој ден од неделата, во секој дел од денот, на следните телефонски броеви:
– 070/726-223 Тони
– 078/479-270 Зоран

Дополнително, екипите кои што ќе вршат посета по домовите на жителите кои што имаат потреба да бидат заштитени со заштитни маски. Истовремено Општина Могила ги става на располагање двете општински комбиња на тимовите кои ќе вршат помош на стари и изнемоштени лица и лица со попреченост во општината.

Мобилните тимови исто така се на располагање и на оние граѓани кои можат да си дозволат да донираат храна и средства за хигиена на социјално-ранливите категории на граѓани.

Општина Могила ги повикува сите граѓани на општината кои сакаат волонтерски да се вклучат во помош за граѓаните да се јават на тел. 047/296-466 или на меил адресата: mogilaop@t.mk

Општина Могила упатува апел го граѓаните кои вршат или планираат вршење на градежни активности, истите да ги одложат сите градежни активности се со цел да се намали влезот на граѓани во општината од соседните општини.

Се упатува апел до граѓаните на Општина Могила но и на другите општини кои доаѓаат од земји со среден и висок ризик на коронавирусот да се пријават во Центарот за јавно здравје во Битола и да се самоизолираат во период од 14 дена.

Сите приватно-здравствени установи што се наоѓаат на територијата на Општина Могила да се дезинфицираат.

Да се намалат посетите во општината освен за итни и неодложни работи.

Поставување на соопштенија во сите населени места за поголема информираноста на граѓаните.

Предметите кои се доставуваат до службите во Општина Могила, ќе се примаат на шалтер на портирница на влезот од општината.

Претседателите на месните заедници да превземат активности да нема собири во продавниците во населените места.

Лицата што купуваат и продаваат говеда овој период да се проверуваат дали имале престој во земји со среден или висок ризик на ширење на коронавируост со цел поголема заштита.

Граѓаните кои планираат да патуваат овој период во земји со среден и висок ризик на ширење на коронавирусот, да ги откажат своите патувања.

Почитувани, апелираме да ги почитувате препораките и мерките на Министерството за здравство на РСМ, да се однесувате одговорно и да останете во вашите домови.

За сите дополнителни сугестии можете слободно да ги упатите на тел. 047/296-466 или на меил адресата mogilaop@t.mk

Со почит,
Општина Могила