Прашалник за учество на граѓаните во креирање на Предлог Програма за 2021 година

Прашалник за учество на граѓаните во креирање на Предлог Програма за 2021 година

Општина Могила ги повикува граѓаните, граѓанските организации и сите заинтересирани групи да учествуваат со свои предлози и идеи со цел изработка на Предлог програма за работењето на о.Могила во 2021 година.

Прашалникот ќе биде достапен за пополнување до 30.11.2020 година. Од идеите ќе произлезе предлог програмата која ќе ја разгледуваме на последната седница на советот за 2020 година, па за таа цел и во рамките на запазување на мерките на заштита на населението, наместо собири го осмисливме oвој online формулар достапен за секој граѓанин. Со вашата вклученост ќе придонесете за градење на подобри политики, за нашата општина.

Вашите идеи и предлози доставете ни ги преку прашалникот на следниот линк: https://forms.gle/ULRDhQ4UaFgvVy2c6

Со почит,

Јасмина Гулевска

Градоначалник на о.Могила