Постапка за отуѓување на градежно земјиште по пат на електронско наддавање

Постапка за отуѓување на градежно земјиште по пат на електронско наддавање

Објава-на-земјиште

                                    ОБЈАВА БР. 1/2020 ,  Број 11-11 од 28.05.2020 год.

 

За отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА

 

  1. Г – ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА И СЕРВИСИ (Г2 – Лесна индустрија)
  2. EИнфраструктура (Е2 – комунална супраструктура –  градби   за производство на електрична енергија од обновливи извори)

Согласно Урбанистички план вон населено место Могила за стопански комплекс, локалитет „Петилеп“, Општина Могила

 

                                                       ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ                                                         

 

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено за изградба на објекти со намена:  Г – ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА И СЕРВИСИ – (Г2 – Лесна индустрија), и E- Инфраструктура (Е2 – комунална супраструктура – градби   за производство на електрична енергија од обновливи извори) врз основа на донесен Урбанистички план вон населено место Могила за стопански комплекс, локалитет Петилеп, Општина Могила, со тех.број. У03-01/14, донесен со Одлука на Совет на Општина Могила бр.08-376/5 од 25.03.2015 година, објавена во Службен Гласник на Општина Могила – бр 3/2015 година, и табеларен преглед во кој се дадени податоци  за градежните парцели со број на ГП ,вкупна површина на ГП,намена на земјиштето (основна класа), намена на земјиштето (опис) површина за градење, бруто развиена површина,процент на изграденост,коефициент на искористеност на земјиштето, максимално дозволена висина,катност,почетна утврдена цена по метар квадратен,вкупна почетна утврдена цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

 

                                                                             ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД

Градежни парцели што ќе бидат предмет на отуѓување по пат на јавно наддавање, согласно Урбанистички план вон населено место Могила за стопански комплекс, локалитет Петилеп, Општина Могила

 

БЛОК 1
Број на Г.П Вкупна површина на Г.П. Намена на земјиштето (основна класа) Намена на земјиштето (опис) Површина за градба Бруто развиена површина Процент на изграденост Коефициент на искористеност на земјиштето Максимална висина до венец Катност Почетна / утврдена цена по метар квадратен Вкупна почетна /утврдена цена Банкарска гаранција за сериозност на понудата
м2 м2 м2 % м’ денари денари денари
1,1 21477 G2-Lesna industrija B1,B2,B4,V2,D2,D3,D4,G3,G4 maks.vk.zbir 49% 15034 22551 70% 1,05 Според АУП(согласно технолошки процес) P+1 61,0 1.310.097,00  

1.310.097,00

 

1,2 10003 G2-Lesna industrija B1,B2,B4,V2,D2,D3,D4,G3,G4 maks.vk.zbir 49% 7002 10503 70% 1,05 Според АУП(согласно технолошки процес) P+1 61,0 610.183,00 610.183,00
1,4 10735 G2-Lesna industrija B1,B2,B4,V2,D2,D3,D4,G3,G4 maks.vk.zbir 49% 7515 11272 70% 1,05 Според АУП(согласно технолошки процес) P+1 61,0 654.835,00  

 

 

654.835,00

БЛОК 2
Број на Г.П Вкупна површина на Г.П. Намена на земјиштето (основна класа) Намена на земјиштето (опис) Површина за градба Бруто развиена површина Процент на изграденост Коефициент на искористеност на земјиштето Максимална висина до венец Катност Почетна / утврдена цена по метар квадратен Вкупна почетна /утврдена цена Банкарска гаранција за сериозност на понудата
м2 м2 м2 % м’ денари денари денари
2,1 7885 G2-Lesna industrija B1,B2,B4,V2,D2,D3,D4,G3,G4 maks.vk.zbir 49% 5520 8279 70% 1,05 Според АУП(согласно технолошки процес) P+1 61,0 480.985,00 480.985,00
2,2 7800 G2-Lesna industrija B1,B2,B4,V2,D2,D3,D4,G3,G4 maks.vk.zbir 49% 5460 8190 70% 1,05 Според АУП(согласно технолошки процес) P+1 61,0 475.800,00 475.800,00
2,3 7680 G2-Lesna industrija B1,B2,B4,V2,D2,D3,D4,G3,G4 maks.vk.zbir 49% 5376 8064 70% 1,05 Според АУП(согласно технолошки процес) P+1 61,0 468.480,00 468.480,00
2,4 6837 G2-Lesna industrija B1,B2,B4,V2,D2,D3,D4,G3,G4 maks.vk.zbir 49% 4786 7179 70% 1,05 Според АУП(согласно технолошки процес) P+1 61,0 417.057,00 417.057,00
ГРАДЕЖНA ПАРЦЕЛА 2,10
Број на Г.П Вкупна површина на Г.П. Намена на земјиштето (основна класа) Намена на земјиштето (опис) Површина за градба Бруто развиена површина Процент на изграденост Коефициент на искористеност на земјиштето Максимална висина до венец Катност Почетна / утврдена цена по метар квадратен Вкупна почетна /утврдена цена Банкарска гаранција за сериозност на понудата
м2 м2 м2 % м’ денари денари денари
2,10 24963 Е-2 Комунална супраструктура 17474 17474 70% 0,7 Според АУП(согласно технолошки процес) П 130.00 3.245.190,00 3.245.190,00

 

                                                                                       ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат:

Сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на градежно земјиште на територија на Република Северна Македонија согласно со закон а кои ги исполнуваат условите дадени во објавата и тоа:

  • Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.
  • Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен  регистер на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

                                   УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање по електронски пат, преку информацискиот систем поставен на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk со пополнување на електронски образец кој го потпишува со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува пријавата и кои документи се составен дел од пријавата комплетирана со следните докази,приложени во електронска форма, при што потребната документација се доставува во скенирана копија во PDF или фотографија од документот во jpg или jpeg форма, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, комплетирана со следните докази (приложени во оригинал или фотокопии заверени на нотар):

  1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата, податоци за предметното земјиште на кое се однесува пријавата и која документација се доставува во прилог на пријавата потпишата дигитално. Доколку лицето кое ја пополнува пријавата за аукција е во улога на полномошник задолжително е да прикачи полномошно заверено на нотар;
  2. Банкарска гаранција за сериозност е утврдена согласно табеларниот преглед даден во оваа објава на понудата во износ од 100% од вкупната почетна цена на градежното земјиште со рок на важност до 31.12.2020, доставена оригинал во хартиена форма до Комисијата. Со банкарската гаранција понудувачот ќе гарантира дека доколку добие статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор на најповолен понудувач;
  3. За физичките лица уверение за државјанство;
  4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар (не постар од шест месеци)
  5. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството овластено одговорно лице за правното лице;
  6. e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса Општина Могила нема обврска да прима и врши корекции на истата).
  7. Изјава за прифаќање на условите во објавата потпишана со дигитален потпис.

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.

Комисијата по истекување на рокот за поднесување на пријавите, утврдува дали пријавите се комплетирани и поднесени во согласност со условите од објавата. Подносителите на пријавите задолжително треба да имаат електронски дигитален сертификат(потпис) за да можат да поднесат пријава за учество на јавното наддавање.Доколку учесникот е заинтересиран за повеќе од една градежна парцела,се пополнува поединечна пријава за секоја градежна парцела за што  доставува и посебна банкарска гаранција за сериозност на понудата.

Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекување на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и лозинка за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведени во Табеларните прегледи за парцелите изнесува 61,00 денар од метар квадратен со намена :  Г – ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА И СЕРВИСИ – (Г2 – Лесна индустрија), и 130,00 денари од метар квадратен за парцели со намена: E- Инфраструктура (Е2 – комунална супраструктура  –  за градби   за производство на електрична енергија од обновливи извори), согласно Уредбата за висина на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп (Сл.весник на РМ бр.163/2016, 190/2017 и 201/2018).

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларен преглед даден во оваа објава и изнесува 100% од вкупната почетна цена за секоја градежна парцела посебно.

                                                                                         РОКОВИ

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 28.06.2020 год. електронски, преку информацискиот систем  на следната интернет страна  www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страна  www.gradezno-zemjiste.mk 

           

                                                                              ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата, доставена во прилог на пријавата за учество на  јавното наддавање.

Јавното наддавање ќе започне на 30.06.2020 год. и ќе се одржи на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk за следните градежни парцели:

  • ГП 1.1 и 1.2 со намена (Г2 – Лесна индустрија) ќе започне на 06.2020 година во 09:00 часот и истото ќе трае 15 (петнаесет) минути
  • ГП 4 и 2.1 со намена (Г2 – Лесна индустрија)  ќе започне на 30.06.2020 година  во 09:30 часот и истото ќе трае 15(петнаесет)  минути
  • ГП 2.2 и 2.3 со намена (Г2 – Лесна индустрија)  ќе започне на 06.2020 година  во 10:00 часот и истото ќе трае 15(петнаесет)  минути
  • ГП 2.4 со намена (Г2 – Лесна индустрија)  ќе започне на 30.06.2020 година  во 10:30 часот и истото ќе трае 15(петнаесет)  минути
  • ГП 2.10 (Е2 – комунална супраструктура – градби за производство на електрична енергија од обновливи извори)   ќе започне на 06.2020 година  во 11:00 часот и истото ќе трае 15(петнаесет)   минути

                                                                                                   ПОСТАПКА

1.Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекување на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

2.Електронското јавното наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно.

3.Електронското јавното наддавање го следи Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Могила.

4.Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

  1. 5. Наддавањето се врши „чекорно“ со зголемување на вредноста со секој „чекор“ не помалку од 10 денари за градежни парцели со намена Г2 и не помалку од 13 денари за градежни парцели со намена Е 2.

6.Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето   определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

7.Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

8.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.

9.Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок под 3 дена од одржанотоелектронско јавно наддавање. Комисјата е должна да олучи во рок од 5 дена од приемот на истиот.. Против решението донесено од страна на Комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен.

10.По завршување на постапката за јавно наддавање, Комисијата е должна во рок од три работни дена да достави барање за мислење до Државното правобранителство на Република Северна Македонија по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија.

11.Државното правобранителство на Република Северна Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија во рок од 30 дена од добивање на барањето за мислење. Доколку во рок од 30 дена Државното правобранителство на Република Северна Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.

12.По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија, Комисијата во рок од три работни дена до најповолниот понудувач доставува известување за избор на најповолен понудувач.

13.Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од добивање на известувањето за избор на најповолен понудувач е должен да ги уплати средствата и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата.

14.Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во утврдениот рок, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.

15.Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од јавното наддавање во утврдениот рок, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор, уплатените средства за отуѓување на градежното земјиште не му се враќаат, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор.

16.Во рок од пет работни дена по доставување на доказ за извршена уплата и доставување на целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање, Градоначалникот на Општина Могила во име на Република Северна Македонија склучува договор за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија.

17.По склучувањето на договорот Општина Могила во рок од еден ден, електронски го доставува договорот до Одделението за финансиски прашања за утврдување на данокот на промет на недвижности. Купувачот е должен во рок од 15 дена од добивање на решението за утврдување на данокот на промет на недвижности да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата.

18.По доставување на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижности, купувачот во рок од 15 дена договорот електронски го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 дена од доставувањето на договорот кај надлежен нотар.

19.Неисполнувањето на обврските од точките 17 и 18 од оваа објава по вина на купувачот претставуваат основ за еднострано раскинување на договорот при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не се враќаат на купувачот.

20.Со договорот купувачот се обврзува во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договорот е градежна парцела со површина до 5.000 м2, односно во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договорот е градежна парцела над 5.000 м2 да обезбеди одобрение за градба на предвидените објекти согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено и да ги изгради објектите согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено, во рок од две (2) години од добивање на правосилно одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина до 1000 м2, односно во рок од четири (4) години од добивање на правосилно одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина над 1000 м2, во спротивно, доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок, односно доколку објектите не се изградат во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот. Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за отуѓување на градежното земјиште.

21.Минималниот процент кој треба да биде изграден од вкупно развиената површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за предметната градежна парцела не смее да биде помалку од 30%.

22.Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.

23.Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.

24.Сопственикот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да го пренесува на трети лица пред исполнување на обврските од договорот за отуѓување на истото. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.

25.Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од три дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од пет дена од приемот на истиот.

26.Против решението донесено од страна на комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Оваа објава ќе биде објавена и на WEB страната на Општина Могила, www.mogila.gov.mk  како и на WEB страната www.gradezno-zemjiste.mk.

Комисија за спроведување на постапките за јавно наддавање на Општина Могила