Покана до сите граѓани на Општина Могила

Покана до сите граѓани на Општина Могила

ПОКАНА

Локалната самоуправа – Могила во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ почнува со реализација на  Форуми во заедницата и Ве поканува да бидете дел од нив.

Ве покануваме да присуствувате на Форумот на Заедниците каде ,  Вие со вашите идеи и  вашите потреби ќе предлагате проекти и ќе одлучувате како  ќе се инвестираат средствата кои се во висина од 50.000 долари и се неповратна помош добиена преку  УНДП а обезбедена преку Швајцарската Агенција за Развој. Темата  на проектите е подобрување на социјалната инклузија  .

Одлучи сам за твоето место за својата општина !

Првата  форумска сесија ќе се одржи на 10.06.2019 година во Големата сала на Општина Могила во 11.30 часот.

Со почит,

Градоначалник на општина Могила

Јасмина Гулевска

Pokana za Forum