ПОДАРИ-СТОПЛИ НЕЧИЕ СРЦЕ !!!

ПОДАРИ-СТОПЛИ НЕЧИЕ СРЦЕ !!!

Најголемата добрина наликува на вода, помага секому и тивко тече на оние места кои се омразени меѓу луѓето. Направи добро дело – Подари!! Биди Хуман!!

Хумани сме бидејќи сакаме да бидеме. Хумани сме бидејќи некои луѓе сметаат на нашата помош. Хуманоста е општествена вредност. Таа е дел од нашите принципи.Таа е дел од нашата животна етика.

Ве покануваме да заземете масовно учество во големата хуманитарна акција организирана од Општина Могила “ПОДАРИ-СТОПЛИ НЕЧИЕ СРЦЕ !!!“

Собирни пунктови на територија на Општина Могила од 04.12.2018год. до 06.12.2018год.

  •  Могила во ОУ „Гоце Делчев“,
  • Добрушево во ОУ „Браќа Миладиновци“,
  • Дедебалци во ОУ „Браќа Миладиновци“,
  • Српци во ОУ„Кочо Рацин“,
  • Ивањевци во ОУ „Кочо Рацин“.

Донирајте топла облека, конзервирана храна и средства за хигиена. Целта на оваа акција е да се градат идните генерации во корсини граѓани, со поширока перспектива, а со тоа да се развие и добрата волја како и мирот во светот преку другарството, еднаквоста и соработката.

Донираните средства ќе бидат распределени на семејства каде тоа им е најпотребно.

Не дозволувајте никој да замине од вас без да се чувствува подобро и посреќно. Бидете жив израз на Божјата добрина: добрина на лицето, добрина во очите, добрина во насмевката.