Општините Могила, Новаци и Битола потпишаа меморандум за соработка со РЕК – Битола

Општините Могила, Новаци и Битола потпишаа меморандум за соработка со РЕК – Битола

Градоначалниците на општините Могила, Новаци и Битола потпишаа Меморадум за соработка со РЕК–Битола со што ќе се зацврсти досегашната соработка помеѓу коминатот и трите пелагонски општина кои се во непосредна близина на истиот.
Директорот на РЕК–Битола, Васко Ковачевски, истакна дека комбинатот сака да им помогне на соседните општини во делот на економијата, социјалата и пред се во екологијата.
– Комбинатот РЕК-Битола којшто е во состав на А.Д ЕЛЕМ, не само што е најголем производител на електрична енергија во Р. Македонија, туку и компанија којашто е општествено одговорна и својата одговорност ја темели врз декларацијата за општествена и социјална одговорност. Токму затоа ги потпишуваме меморандумите за соработка со општините Битола, Новаци и Могила, бидејќи кај овие општини можеме да помагаме и соработуваме во делот на надлежностите на локалната самоуправа, екологијата, образованието, инфраструктурата, комуналните дејности. РЕК-Битола помагал и натаму ќе помага. – изјави Васко Ковачевски, директор на РЕК-Битола.
40371479_248512049056907_206904904113979392_nГрадоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска, истакна дека Општина Могила со овој меморандум не само што ја зацврстува соработката со РЕК-Битола, туку тоа ќе значи воведување на подобри практики во делот на животната средина, туризмот и образованието.
40421136_1082801001875541_1209016955768406016_n– Со средства од Министерството за животна средина кои произлегуваат токму од загадувањето на комбинатот РЕК-Битола, Општина Могила со 2,8 милиони денари ќе гради два нови паркови во населените места Будаково и Мусинци, изјави градоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска.
40402589_1105733166270193_490394808896978944_nПокрај градоначалникот Гулевска, и градоначалниците на општините Битола и Новаци, Наташа Петрвоска и Љубе Кузманоски, изразија задоволство од досегашната соработка, а Меморандумот е само уште еден чекор за понапредна реализација на натамошната соработка.