Меѓународна конференција за одржлив рамномерен регионален развој во Пелагонискиот регион (фотогалерија)

Меѓународна конференција за одржлив рамномерен регионален развој во Пелагонискиот регион (фотогалерија)

Меѓународна конференција за одржлив рамномерен регионален развој во Пелагонискиот регион (фотогалерија)

 

Денес и утре во винаријата “Чифлик“ се одржува ”Меѓународна конференција за одржлив рамномерен регионален развој” во Пелагонискиот плански регион во организација на Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со поддршка на швајцарската Влада.

Како до поуспешен Пелагониски плански регион, и која е визијата на сите засегнати страни за економски конкурентен регион, одговорите на овие прашања ќе бидат понудени на првата меѓународна конференција за регионален развој во Пелагонискиот регион.

На конференцијата на првиот ден во уводните излагања зборуваа Дејан Павлески – Заменик Министер за локална самоуправа, Емилија Костурски – заменик Градоначалник на Општина Битола, Гого Видимче – раководител на Центар за развој на Пелагониски плански регион, Николче Бабовски – директор на Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како и Илија Јованоски – претседател на Надзорен Одбор на ЗЕЛС и Градоначалник на Општина Прилеп и Сашо Коруновски – ректор на Универзитет “Св. Климент Охридски“.

Присутен беше и претседателот на Советот на општина Битола – Валентин Груевски, градоначалниците на градовите од Пелагонискиот регион, Сашо Додовски – МКЦ  Битола, директори на јавните претријатија, раководители на инстистуции…Заменикот министер Павлески ја отвори оваа меѓународна конференција и зборуваше за приоритетите на Министерството за локална самоуправа во функција на подобрување на законската рамка и подготовка на нов стратешки документ за наредните десет години.

-Политиката на рамномерен регионален развој во земјата се имплементира од 2009 година, кога беше подготвена првата Стратегија за регионален развој, две години по донесувањето на Законот. Сепак во изминатитата деценија не е забележан голем напредок во смисла на намалување на развојните разлики меѓу главниот град, Скопје и другите делови од државата. Напротив, разликите се продлабочени и меѓу планските региони и меѓу општините, особено меѓу урбаните и руралните општини, рече Павлески.

Павлески информираше дека со финансиска поддршка од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, во моментов во осумте плански региони се реализираат 43 проекти, а Владата ја усвоила Одлуката за финансирање на нови 74 проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби.

Домаќин на оваа конференција е Центар за развој на Пелагониски плански регион со седиште во Битола, а дитекторот Гого Видимче на отворањето на конференцијата рече дека ќе биде изработена рече дека ќе биде изработена програма за развој на оцој регион за периодот од 2020 до 2024 година, а на конференцијата ќе биде донесена дводневна платформа за размена на искуства и успешни практики од регионалниот развој, се во насока како до поуспешен Пелагониски плански регион, и која е визијата на сите засегнати страни за економски конкурентен регион. Гостите ги поздрави Емилија Костурски – заменик градоначалник на Општина Битола, која им посака успех во работата на оваа конфереција и рече дека според она што го гледа и како ќе се одвива конференцијата таа пред време е осудена на успех.Во вториот дел на првиот ден од конференцијата се одржаа презентации на позитивни искуства за рамномерен регионален развој на Мирјана Македонска- директор на Проект на УСАИД за развој на деловниот екосистем “Паладиум Интернешнел“,  Билјана Цветановска Гугоска – проектен менаџер во УНДП, Ана Марушиќ Лисац од Биотехникон Сплит, Игор Неделковски – декан и професор на Факултетот за информациски и комуникациски технологии, Универзитет “Св. Климент Охридски”, Љупче Кочоски – декан и професот на Факултет за биотехнички наукиУниверзитет “Св. Климент Охридски” Битола,  Ивана Петровска – асоцијација на агенции за локална демократија АЛДА. Меѓународна конференција за одржлив рамномерен регионален развој” во Пелагонискиот плански регион продолжува утре.