Крводарителска акција во Општина Могила

Крводарителска акција во Општина Могила

Општина Могила во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст на РС Македонија, ја организира првата крводариделска акција која ќе се одржи на ден 07 Мај 2020 година (в четврток) во период од 09.00 до 15.00 часот во просториите на општинската зграда (општинска сала – I кат).

Општината упатува покана до сите граѓани, да земат учество во оваа хумана акција и дарувајќи од својата крв да се вклучат во дарувањето на најубавиот подарок за секој поединец – шанса за спасување на нечиј живот токму во период кога човештвото е исправено пред предизвикот на пандемијата од коронавирусот Covid-19.

Заинтересираните граѓани да се пријавуваат на тел.броеви: 078/283-403 и 075/278-317

 

Со почит,

Општина Могила

Градоначалник

Јасмина Гулевска