Известување до граѓаните на Општина Могила

Известување до граѓаните на Општина Могила

С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани граѓани

Ве известуваме дека преку проектната единица на Министерство за Финансии и МСИП проектот за подобрување на општинските услуги финансиран преку Светска Банка Општина Могила доби под-заем за реализација на проектот “Изградба на повеќенаменски објект во н.м. Могила”. За таа цел во периодот од 12.05.2020 до 01.10.2020 ќе се изведуваат градежни работи на локација и објект на Месната канцеларија во Могила, (која се наоѓа наспроти општинската зграда). Работите ги изведува фирмата БВ Инженеринг – Битола,  а како главна  цел на проектот се истакнува подобрување на квалитетот на живот на месното население, како и подобрување на културата,  со што ќе се даде значителен придонес во зачувување и промовирање на културно наследство, едукација, туризам и др.

Во периодот кога се изведуваат градежните работи потребно е да ги почитувате и да се придржувате на следните препораки:

  • Маркетот кој се наоѓа во близина на објектот, ќе работи секој ден од 06 до 19 часот. Жителите ќе имаат непречен пристап до маркетот преку пешачката зона -плоштадот  и со автомобили преку улицата Пелагонија која се наоѓа од задната страна на  општинската зграда.
  • Трговците ќе можат да вршат дотур на роба секој ден во периодот од 06 до 15 часот од влезот на  улица  Пелагонија.
  • Пристапот на граѓаните до поштата (која е во непосредна близина на објектот каде се изведуваат градежните работи) ќе биде овозможен преку плоштадот Св. Никола. Од 08-12 часот секој работен ден.
  • Ве молиме постојано да ги информирате децата дека е строго забрането движење и играње во близина на заштитната ограда од градилиштето.

Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на градежните работи.

За дополнителни информации / прашања, Ве молиме да се обратите на тел. број 047/296-466 или на емаил: mogilaop@t.mk, во Општина Могила.

 

Општина Могила

                                                                                                                                                    12.05.2020.година