Заклучоци на Општинскиот Кризен Штаб

Заклучоци на Општинскиот Кризен Штаб

ЗАПИСНИК

од одржан состанок на Општински Кризен Штаб на ден 07.04.2020 година

Општина Могила на одржаниот состанок на општинскиот кризниот штаб во врска со новонастаната ситуација со Ковид – 19 и донесената Уредба со законска сила од страна на Владата на Република Северна Македонија за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија, Кризниот штаб на Општина Могила донесе заклучок за следното:

Да се определат економски оператори – маркети преку кои граѓаните ќе можат да се обезбедат со најнеопходните намирници за време на викенд и тоа во период од 10:00  до 14:00 часот.

Операторите, кои ќе ја користат оваа можност потребно е да поднесат барање до Општина Могила.

Пополнетото барање да се испрати на следната маил адреса: mogilaop@t.mk или да го достави до Општина Могила.

За дополнителни информации, економските оператори можат да се обратат и на телефонскиот број 047/296-466.

Барањето може да го слезите ТУКА