ЕКО-АКЦИЈА: ЗА ПОЧИСТА ОПШТИНА МОГИЛА

ЕКО-АКЦИЈА: ЗА ПОЧИСТА ОПШТИНА МОГИЛА

Почитувани,

Општина Могила располага со прекрасна и разновидна природа што е едно од најголемите богатства на нашата општина. Како вљубеник во природата иако тековно и секојдневно како општина се грижиме за јавната чистота, сепак забележувам дека загадувањето е голем проблем во многу населени места. За таа цел, Ве повикувам сите заедно да се приклучите кон Еко – акцијата: За почиста Општина Могила, која ќе се спроведе в четврток на 03.10.2019 година во сите населени места на нашата општина. Свесни сме дека оваа акција е можеби симболичен придонес кон природата, но се надеваме дека преку оваа еко-акција ќе испратиме порака до целата заедница како сите ние треба да се однесуваме кон животната средина. Како градоначалник на Општина Могила, ние во Општина Могила целосно сме посветени и работиме кон остварување на нашите, но и на националните цели и таргети во поглед на управувањето со отпадот. Со оваа еко-акција даваме придонес кон оставарување на тие цели. Се надевам дека со акцијата: За почиста Општина Могила, ќе ги поттикнеме и останатите луѓе и компании во земјата да преземат конкретни акции со кои ќе ја зачуваме природата чиста и здрава. Не ни треба повод и меѓународен ден за да се вклучиме во акција, секој носи одговорност, Општина Могила нека биде чиста!

Со почит,
Јасмина Гулевска
градоначалник