Демант од Општина Могила

Демант од Општина Могила

Демант од Општина Могила

Почитувани,

На ден 20.09.2019 година во прилог емитуван на вестите на ТВ Алфа со наслов “Пелагониските сточари на протест во Битола”, лицето Оливер Ристевски, претседател на општинската организација на ВМРО ДПМНЕ – Могила обвинува дека власта прави поделба меѓу земјоделците по партиска припадност каде што како пример е посочен возачот на градоначалничката на Општина Могила на кого што му било доделено земјиште од земјоделец кој имал три пати повеќе поени од него.

„Еве еден пример ќе ви кажам во случка во село Чарлија неистомислениците на Зоран Заев се казнуваат на различни начини како што еве на пример наш сограѓанин конкурира за земјиште, за земјиштето има потпишано договор но меѓутоа за истиот договор возачот на градоначалничката на Општина Могила конкурира за истото земјиште со 25 поени и земјата му ја зема.” – изјави за медиумите Оливер Ристевски, претседател на ОО ВМРО ДПМНЕ – Могила.

Почитувани, сакајќи некого да дискредитирате по било кој основ со ширење на невистини, ВМРО ДПМНЕ во недостиг на идеи, лажно ги информира граѓаните, без притоа не сакајќи сите резултати кои ги има постигнато градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска, а особено кога станува збор за функционер кој извршува функција со која се подобруваат условите за живеење во општината, е навистина дрско и недолично.

Општина Могила најостро демантира дека на било кое лице кое е во работен однос во општината по превземањето на функцијата градоначалник од страна на Јасмина Гулевска, му е доделено државно земјоделско земјиште.

Во Општина Могила нема лице вработено од село Чарлија. Градоначалничката Гулевска во ниту еден момент не учествувала во распределба на државно земјиште, ниту има информација за политиката на распределба на државно земјиште, а воопшто нема ни право на тоа.

Ваквите обвинувања започнуваат во моментот кога Општина Могила во соработка со УСАИД и битолската млекара БиМилк започнаа да прават напори за подобрување на статусот на млекопроизводителите.