Анкета за жителите на Општина Могила

Анкета за жителите на Општина Могила

Врз основа на член 30 од Законот за локална самоуправа (Службен весник бр. 05/02) а во согласност со член 70 од Статутот на Општина Могила (Службен гласник бр. 5/06, 12/11, 08/13 и 26/14), Општина Могила спроведува:

АНКЕТА 

за жителите на Општина Могила

Квалитетното улично осветлување придонесува за поголема безбедност во сообраќајот како и за општата социјална безбедност. Општина Могила активно работи на модернизација и подобрување на системот за улично осветлување во сите населени места на територијата на општината, за таа цел општината ја спроведува следната анкета:

  • Колку сте задоволни од тековното одржување, фирмата изведувач и начинот на менаџирање со уличното осветлување во Општина Могила?

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да учествуваат во анкетата и да го дадат своето мислење.

Анкетните листови ќе бидат достапни во портирница во зградата на Општина Могила од 03.10.2019 до 08.10.2019 година од 07.30 до 15.30 часот, на веб страната на општината и во секое населено место каде што е објавено соопштенитето.

 

Со почит,

Општина Могила

Градоначалник

Јасмина Гулевска