Општина Могила со интензивни активности во основните училишта се подготвува за почетокот на новата учебна година. Имено во новото училиште во село Ношпал се поставуваат бекатон плочки на патеките околу училиштето, а исто така се изгради и пристапна рампа за влез во училиштето. Во наредниот период се предвидува оградување на дворот на училиштето како и партнерно уредување на истиот.