Општина Могила започна со санација и реконструкција на полските патишта

Општина Могила започна со санација и реконструкција на полските патишта

38208403_2242976302626138_7206876997232885760_nОпштина Могила денеска започна со санација и реконструкција на полските патишта во населеното место Могила, а во наредниот период ќе бидат реконструирани и полските патишта во 22 села на територијата на целата општина. Градежните активности за санација и реконструкција на полските патишта ги изведува ТИМ Петрол 991 од с. Велешта, Струга, а истите се реконструираат со средства обезбедени од буџетот на Општина Могила. Жителите ќе добијат уредени полски патишта, тампонирани, проширени, без ударни дупки и со исчистена вегетација, што ќе им го олесни пристапот до нивните ниви.
38133451_2242976339292801_1975370216661581824_n„Со оваа активност на Општината Могила за оспосбување на полските патишта со тампонирање, е за земјоделците да имаат полесен пристап до земјоделските површини. Тампонирањето и реконструкцијата на полските патишта во нашата општина за земјоделците и нивната механизација значи многу, особено што ова е земјоделски крај со непрегледни пелагониски пространства.“ – истакна Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.

38211798_2242976442626124_2819225333482389504_n