Тековни активности на територија на Општина Могила

Тековни активности во Општина Могила:
Во тек се изградбa и реконструкција на три училишта :
– Централно училиште во село Добрушево;
– Подрачно училиште во село Радобор ;
– Подрачно училиште во село Долна Чарлија.
Во моментот Општина Могила има објавено јавни набавки за:
– Одржување на јавно улично осветлување;
– Поправка и сервисирање на службените возила на општината;
– Рехабилитација на локален пат Беранци-Долно Српци.

Во наредниот период започнуваме со Партерно и хортикултурно уредување на паркови во населени места Вашарејца, Беранци, Дедебалци, Ношпал, Лознани, Долно Српци и Могила во вкупна вредност од 3.126.851 денари.
Добиени се средства од Министерство за животна средина и просторно планирање за проектот ,,Канализациона мрежа со пречистителна станица” во село Добрушево. Вкупната вредност на проектот е 6.896.865,00 денари.
Општина Могила доби поддршка за реализација на проект за реновирање на повеќенаменски објект во населно место Ивањевци, преку Бирото за рамномерен развој, во соработка со Пелагониски плански регион со средства о.д 2019 година во висина од 3.466.875,00 денари.