Потпишан меморандум за соработка

Вчера се потпиша меморандумот за соработка помеѓу Институтот за добро управување и евро-атлански перспективи од Скопје и Општина Могила. Целта на потпишаниот меморандум за соработка е спроведување и јакнење на компонентата за добро управување на локалната самоуправа, на начин што ќе ги насочи своите напори кон поттикнување и афирмација во областите од заеднички интерес.