Нови урбанистички планови за Добрушево, Трап и Будаково
Општина Могила во текот на овој месец интензивно работи на донесување на нови урбанистички планови за населените места Добрушево, Трап и Будаково.
Правилното урбанистичкото планирање на просторот ќе придонесе граѓаните да можат да ги прибават потребните одобренија за градење за доградби, надградби, реконструкции на своите објекти, како и вклопување на веќе легализираните објекти.
Ги повикуваме сите учесници во локалната заедница да дадат свои мислења и предлози со кои ќе дадат придонес во квалитетното просторно планирање и имплементирање на визијата за развојот на општината во наредните 50 години. Само со максимално учество на граѓаните во планирањето може да се изврши квалитетно организирање на просторот.
Новите урбанистичките планови граѓаните ќе можат да ги видат во големата сала на Општина Могила, секој работен ден од понеделник до петок од 08.00 до 16.00 часот.
Сите заинтересирани граѓани и стопанственици кои што се опфатени со урбанизацијата во овие населени места можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетни листови, своите сугестии можат да ги искажат и на директниот телефонски број 047 296-466, на општинскиот меил mogilaop@t.mk, а сопствени коментари можат да дадат и на веб страната на општината www.mogila.gov.mk