Денес заедно со директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Јосиф Балтов и претставници од БВ Инженеринг направивме вовед во работа за изградба на водовод во индустриската зона Петилеп со должина од 1190 метри, вкупната вредност на договорот изнесува 4.067.713,00 денари.
Индустриската зона Петилеп се наоѓа на регионалниот пат А3 и опфаќа површина од 17,9 хектари, на која се предвидени 14 парцели со намена лесна незагадувачка индустрија и 1 парцела со намена за градби за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Во наредниот период уште 5 парцели ќе бидат предмет на отуѓување по пат на електронско јавно наддавање, на кое сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да се стекнат со сопственост на градежно земјиште.
Зоната е значајна за економскиот развој на општина Могила, за отворање на нови работни места преку привлекување на домашни и странски инвестиции.
           
Mogila_Municipality

Општина Могила

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.

Општина Могила © 2024. Сите права се задржани. Дизајнирано од Optimus Solutions.