Жителите на населеното место Могила ќе добијат фекална канализациона мрежа. Општина Могила денеска започнува со изградба на фекална канализациона мрежа на Крак 3 кој се наоѓа во селото Могила.


Инвестицијата е вредна 399.920 илјади денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Могила. Со изградбата на новата канализациона мрежа ќе се обезбедат поквалитетни и по еколошки услови за живеење во општина Могила.


„Оваа инвестиција за изградба на Крак 3 од канализационата мрежа во Општина Могила беше барање на жителите на нашата општина. Како локална самоуправа ја ставивме на листата на приоритетни проекти затоа што овој крак значително ќе се зголеми опфатеноста и ќе се развие постојниот канализационен систем во општина Могила, и поради тоа за овој проект издвоивме средства од буџетот на општината.“ – изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила. Градежните активности за изградба на Крак 3 од фекалната канализациона мрежа во Општина Могила ќе ги изведува фирмата КОП – Инженеринг ДООЕЛ Скопје, со што според договорот склучен со фирмата, предвидено е изградбата да биде завршена во рок од 60 работни дена.