ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК
Oбврзници на данок на имот се физички и правни лица кои се сопственици, корисници или плодоуживатели на имотот.
ДАНОЧНА ОСНОВА
Претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од овластен проценител според Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот пропишана од Владата на Република Македонија. Висината на данокот изнесува 0,10% од утврдената пазарна вредност на недвижноста.Данокот на имот се намалува за 50% доколку станот/куќата се користат за живеење, со доказ лична карта.
ДАНОЧНА ПРИЈАВА
Секој даночен обврзник е должен да го пријави недвижниот имот и тоа во рок од 15 дена од денот на стекнувањето на имотот или од отпочнувањето на користење на имотот.Бесплатен образец на даночна пријава се пополнува и поднесува во Центар за услуги – приемен шалтер. За неподенесување на даночна пријава на даночниот обврзник му се изрекува мерка глоба пропишана согласно Законот за даноци на имот. Решение за данок на имот се донесува секоја година за секој даночен обврзник врз основа на поднесена даночна пријава и даночната евиденција. Рокот на плаќење-данокот на имот се плаќа тримесечно и пристигнува за наплата во средината на секое тромесечје или во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението.Решението се доставува до даночниот обврзник на последната пријавена адреса на обврзникот од даночната пријава преку доставна служба или преку пошта.
ПРОЦЕДУРА 1 : ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ИМОТ
СПИСОК НА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
– Даночна пријава за пријавување на нов имот или промена во имотнатасопственост,
– Имотен лист не постар од 6 месеци ( оригинал или копија),
– Согласност за користење на лични податоци,
– Лична карта-фотокопија,
– Решение за данок на имот се издава еднаш годишно.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ИМОТ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:
На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:
Назив на примач: Трезорска сметка, буџет на Општина Могила
Бр.на жиро с-ката:100000000063095
Депонент: Народна банка
Уплатна с-ка:840-147-02507
Приходна шифра:713111
Програма:00
Цел на дознаката: ДАНОК НА ИМОТ
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ИМОТ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА:
На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:
Назив на примач: Трезорска сметка, буџет на Општина Могила
Бр.на жиро с-ката:100000000063095
Депонент: Народна банка
Уплатна с-ка:840-147-02507
Приходна шифра:713111
Програма:00
Цел на дознаката: ДАНОК НА ИМОТ.
Превземи документи