Одржан 7-миот по ред фестивал на дуети „Константин и Елена“

Одржан 7-миот по ред фестивал на дуети „Константин и Елена“

На 11.07.2019год. го прогласив 7-иот по ред фестивал на дуети единствен во нашата држава за отворен.
Општина Могила е убава,правиме се за да биде поубава.На нејзините вековни и постоечки вредности надградивме вредности со нов сјај како рефлексија на новото и современо време.
Препознатливоста на еден народ,една нација е токму по културата,ние,пак собираме спомени и вредна творечка енергија со која испишуваме нови страници во книгата на Могилскиот живот и историја затоа што сепак функцијата на општината,градоначалникот и советот не е само инфраструктурата туку и градење,негување и промовирање на културата бидејќи културата е таа по која на некој начин се разликуваме од станатите народи.
Огромниот број на присутни секоја година се повеќе ни докажува дека овој фестивал е афирмиран.