Општи податоци за ЈКП „Пела Хигиена“

Општи податоци за ЈКП „Пела Хигиена“

Јавното Комунално Претпријатие „Пела Хигиена“- општина Могила е  основано во 2010 година како Заедничко Јавно Претпријатие „Пела Хигиена“ – с. Добрушево општина Могила со одлуки бр. 07-310/5 од 11.05.2010 и бр. 07-497/4 од 18.05.2010 година помеѓу општините Могила и Новаци а потоа  во 2013 година  со отстапување на Општина Новаци како основач претпријатието продолжува да функционира како Јавно Комунално Претпријатие „Пела Хигиена“ – општина Могила.

Јавното Комунално Претпријатие „Пела Хигиена“ – општина Могила се основа заради вршење на дејности од комуналната област кои се од јавен интерес од локално значење, а се сметаат за незаменлив услов за животот и работата  на граѓаните на територијата на Општина Могила.

Надлежности на ЈКП„ПЕЛА ХИГИЕНА“ –општина Могила се:

  • Собирање на безопасен отпад
  • Собирање, обработка и снабдување со вода
  • Отстранување на отпадни води

ЈКП „ПЕЛА ХИГИЕНА“ собира, транспортира комунален цврст отпад  во 13 населени места во Општина Могила со вкупно 1227 корисници, водоснабдувањето се  одвива во 6 населени места на територијата на Општина Могила со вкупно 350 корисници. Канализационата мрежа во Општина Могила делумно е изградена само во населеното место Могила.

Располагаме со едно специјализирано возило за собирање на смет со кое ја обавуваме својата дејност на територијата на Општина Могила, исто така располагаме и со еден трактор ИМТ 539 со кој изведуваме дополнителни активности кои ни се од голема помош во претпријатието.

Органи на комуналното претпријатие се:

  • Директор
  • Управниот одбор
  • Надзорниот одбор