Врз основа на член 84 и член 86 од Законот за општа управна постапка („Сл. весник на РМ„ бр. 124/15), Градоначалникот на Општина Могила објавува:
ЈАВНА ОБЈАВА
За уредно доставување на решенија и опомени за данок на имот и
комунална такса за фирма/назив за 2022 година
Се повикуваат сите физички и правни лица кои се даночни обврзници во општина Могила по основ на данок на имот и комунална такса, на кои не им било доставено решение и опомена или од било кои причини не добиле решение со соодветно задолжение за календарската 2022 година и опомена за неплатен данок и комунална такса заклучно со 2021 година, во рок од 10 дена од денот на објавувањето на оваа објава да се јават во Одделението за финансиски прашања во општина Могила за подигање на даночните решенија и опомени.
Списоците со недоставени решенија и опомени се објавени на огласна табла во просториите на општина Могила, како и на официјалната веб страна на општината: https://mogila.gov.mk/
Јавната објава ќе се изврши и во службено гласило на општина Могила.
Со оваа објава се предупредуваат даночните обврзници, дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои можат да настанат ќе ги сносат самите даночни обврзници.
Бр.03-784/1
од 07.11.2022 година,
Општина Могила Градоначалник Драганчо Саботковски
Lista na oglaseni opomeni za danok na imot 2022g
Lista na oglaseni opomeni za komunalna taksa 2022g