Име на проектот: Превенција од поплави за заштита на животната средина

Вид на договор / Категорија: Грант договор
IPA Компонента / (национална или регионална)
Програмска година: IPA 2, Прекугранична соработка: Република Северна Македонија – Република Албанија, распределба 2016-2017
Водечки апликант и ко-апликанти:
Здружение Центар за граѓанска иницијатива (ЦГИ)
Организација за управување дестинации (ДМО)
Општина Могила
Општина Малиќ
Контекст / Позадина:
Акцијата е развиена да се одвива во прекуграничниот регион насочен кон регионот Пелагонија и регионот Корча, особено Општина Могила и Општина Малиќ, кои имаат прекугранично влијание врз јавната инфраструктура ранлива од поплави. И двете земји, а особено регионите на Пелагонија и Корча се изложени на разни видови природни опасности, вклучувајќи земјотреси, диви пожари, поплави, суши, екстремни температури, лизгање на земјиштето. Земјотресите претставуваат најголем ризик во однос на последиците – штети и човечки загуби. Пожарите се најчести ризици, а поплавите се во пораст во однос на зачестеноста и интензитетот.

Бројот и интензитетот на поплавите во земјите / регионите се зголемуваат. Вообичаен период за нивните настапи е во постудениот дел од годината (ноември – јануари). Повеќето од поплавите се предизвикани од прелевање на поголемите реки. Речните сливови на целните земји се соочуваат со зголемена просторна и временска варијабилност на водните ресурси, што е меѓу клучните природни фактори што го зголемуваат ризикот од поплавување, покрај топографските и копнените карактеристики и релативно густа хидрографска мрежа во најпогодените региони. Покрај тоа, промените во структурата за употреба на земјиштето на земјиштето дополнително ги менуваат хидролошките режими, зголемувајќи го ризикот од екстремни хидролошки настани.

Покрај тоа, локалните власти како партнери на акцијата ќе овозможат локална сопственост на акцијата, бидејќи тие ќе учествуваат во развојот на мерките за намалување на поплавите и натамошно одржување на развиената инфраструктура по завршувањето на проектот.

Апстракт (кратко резиме на проектот):

Активностите во проектот се развиени така што ќе се задоволат сите потреби и ограничувања на целните групи, првично со процесот на подобрување на јавната инфраструктура ќе се одговори на потребата на локалните власти да ги спроведат своите одговорности за изградба и одржување на секундарна и терцијарна мрежа за наводнување и дренажа. Во исто време преку развој на дигиталната платформа, локалните власти и сите релевантни заинтересирани страни ќе го подобрат системот за рано предупредување, што ќе овозможи навремена заштита од поплави или други природни непогоди. Системите за заштита на земјоделските земјишта и живеалиштата ќе бидат поддржани со развој на заеднички мерки за управување со ризик кои имаат влијание врз сите жители во областа, каде што сите целни групи ќе бидат вклучени во развојот на заедничките мерки за управување со ризик.

Со зголемувањето на свеста кај земјоделците за управување со поплавите, ќе имаме влијание врз вкупното население во целните области, а особено со активностите за подигање на свеста директно ќе допрат до 12000 земјоделци. Активности кои им даваат специфично знаење на населението и земјоделците за вклучување во спроведувањето на мерките за заштита и превенција.

Крајни корисници: 70 000 луѓе од Општина Могила и Општина Малиќ

Локација на акцијата: Општина Могила и Општина Малиќ

Цели:

< Главна цел >

Зајакнување на отпорноста и подготвеноста на ризик од катастрофи и превенција од поплави за заштита на животната средина.

< Специфични цели >

Да се подобри јавната инфраструктура подложна на поплави за да се обезбеди заштита на земјоделските површини и живеалишта.
Локалните власти способни да зајакнат партиципативна подготвеност и капацитетот на отпорност во градењето на прекугранична соработка за ублажување и спречување на поплавите.
Да се зголеми свеста на земјоделските производители за важноста на управувањето со поплавите во заштитата на животната средина, земјоделските површини и живеалиштата.

Активности:

Координација, менаџмент и видливост

Координативни состаноци, веб страна, конференција за отворање и конференција за затворање на проектот.

Јавна инфраструтура

Градење на канали за дренажа во Општина Могила и Општина Малиќ
Воспоставување дигитална платформа за рано предупредување за поплави
Прекугранична соработка за заштита и управување со поплави

2.1. Подготовка на локални акциони планови за управување со ризици и заштита и управување со поплави

2.2. Зајакнување на капацитетите на секторите за управување со поплави во однос на соработка, планирање и управување со мерките за намалување на поплавите

2.3. Воспоставување на прекугранично партнерство за размена на искуства и развој на заеднички мерки за управување со ризик

Зголемување на свеста кај земјоделските производители за управување со поплави

Специјализирани обуки за управување со поплави за земјоделците
Форуми во заедницата за вклучување на заедницата во превенција и управување со поплави
Размена на искуства помеѓу земјоделците од двете општини

Резултати:

Импакт: Зајакнување на отпорноста и подготвеноста на ризик од катастрофи и превенција од поплави за заштита на животната средина.

Процесот на подобрување на јавната инфраструктура за да се обезбеди заштита на земјоделското земјиште и живеалиштата, каде што ќе имаме импакт врз 252,2 км2 во општина Могила таргетирајќи 6710 жители и врз 656,34 км2 во Општина Малиќ, со 62666 жители. Како резултат имаме (Р1) Јавната инфраструктура ранлива од поплави е подобрена за да обезбеди заштита на земјоделското земјиште и живеалиштата, каде што вкупното земјоделско подрачје заштитено од поплави – 50000 ха и 12000 земјоделци подготвени да ја користат дигиталната платформа за рано предупредување за поплави. Ова ќе ги произведе следните показатели: изградба на дренажни канали во двете општини во должина од 6 км, и развивање на 2 дигитални платформи за рано предупредување за поплави и временски промени.
Системите за заштита на земјоделските површини и живеалиштата ќе бидат поддржани преку развивање на мерки за заедничко управување со ризици кои влијаат врз сите жители во областа со исходот (Р2): Локалните власти имаат развиено мерки за заедничко управување со ризици за заштита од поплави во регионот со следните резултати: Изработени и операционализирани 2 локални акциони планови и 1 заеднички план за управување со ризик во прекуграничната област, вклучен во рутината на релевантните тела. Со зголемувањето на свеста кај земјоделците за управување со поплавите, ќе имаме влијание врз вкупното население во целните области, а особено 12000 земјоделци директно ќе бидат опфатени со активности за подигнување на свеста кои имаат резултат: Р3 – Земјоделците се свесни и спремни да бидат вклучени во системот за управување и заштита од поплави. Ќе произлезат следните показатели: 2 специјализирани обуки за земјоделци за управување со поплави, 6 форуми во заедницата за вклучување на заедницата во превенцијата и управувањето на поплави, 2 средби за размена на искуства помеѓу земјоделците во прекуграничниот регион ќе бидат организирани.

Факти и бројки:

Клучните факти и бројки релевантни за проектот:

Времетрање на проектот: 24 месеци
Почеток на проектот: 15.11.2019
Крај на проектот: 14.11.2021
Вкупен буџет: 590,213.00 €

Изградба на одводните канали(видео)                   Стоп за поплавите(видео)

        Стоп за поплавите

 

Изградба на дренажни канали                  Акционен план за заштита од поплави

                       

 

Мониторинг на дренажните канали

МОНИТОРИНГ НА ДРЕНАЖНИТЕ КАНАЛИ ВО МОГИЛА