Директор

Директор

ЗА УЧИЛИШТЕТО

Основното училиште ,,Кочо Рацин” Ивањевци е самостојно основно училиште лоцирано во с.Ивањевци, општина Могила.

Во составот на ЦОУ Ивањевци работи едно  деветгодишно ПОУ во Долно Српци и пет петтогодишни ПОУ  во Трновци, Св.Тодори, Лознани, Вашарејца и Беранци.

Во централното ОУ Ивањевци приливот на ученици е следниот: децата од Лознани, Вашарејца, Св. Тодори и  Трновци доаѓаат на настава во Ивањевци од шесто до деветто одделение. Превозот на овие ученици му го обезбедува Општина Могила.

Учениците од Беранци на настава доаѓаат во подрачното основно училиште во  Долно Српци од шесто до деветто одделение.

Во Трновци, Св.Тодори, Лознани, Вашарејца, наставата се изведува до петто одделение, а потоа од шесто одделение продолжуваат во централното основно училиште во Ивањевци.

Во ОУ ,,Кочо Рацин” Ивањевци се изведува настава од I-IX одделение согласно ЗОО  И  НПП.

Наставата се изведува на македонски јазик.

МИСИЈА И ВИЗИЈА

МИСИЈА:

Нашето училиште  е место:

-во кое наставниците континуирано професионално се усовршуваат  за да може да реализираат современа квалитетна настава  која е приспособена  на потребите и интересите на учениците;

-каде што учениците се поттикнуваат целосно да го постигнат нивниот професионален, креативен, физички, личен, морален и духовен развој.

-каде што учениците и наставниците придонесуваат за заедничкиот успех и се ценети како индивидуи;

-кое презема најразлични активности со кои поддржува партнерски однос меѓу  учениците, родителите и локалната заедница како и  активности со  партнер училишта од различни етнички заедници;

-каде се воочуваат културолошките разлики, се развива толеранцијата и емпатијата кон другиот и различниот.

ВИЗИЈА:

Училиштето настојува да им обезбеди еднакви можности на сите ученици да ги искористат своите капацитети за да стекнат знаења, способности и вештини кои им се неопходни за секојдневно функционирање и продолжување на образованието и истовремено да ја развие свеста за правата, обврските и меѓусебното почитување. Целта е учениците да се стекнат со вештината за доживотно учење и да се стекнат со интеркултурни компетенции, имајќи ги предвид културните разлики за да станат активни граѓани на нашето  мултиетничко општество.

 

ЗА ДИРЕКТОРОТ

Весела Богдановиќ од Битола, Вршител на должноста Директор; дипломиран учител на Педагошкиот факултет- Битола; дипломиран воспитувач на Факултет за учители и воспитувачи- Битола; носител на титулата Best World teacher Top50 Global Tecaher Prize 2015; „Лице на годината од областа на образованието“ на државно, регионално и локално ниво; Амбасадор за образование на светската Varky Foundation; член на бордот директори на меѓународната Foremost Foundation; автор на актуелното признание „Best Teacher_Ex Yugoslavia AWARD“ и основач на Асоцијација на најдобри едукатори од просторите на бивша Југославија; автор на  „КРЕФ“- меѓународен натпревар на едукативни филмови акредитиран од страна на Министерство за наука, просвета и технолошки развој на Србија и Министерство за култура на Србија; автор на книгата „Магични стапчиња и шарени лижавчиња“ во издание на Просветно Дело; приредувач на збирката „Што е тоа НАТО“ во издание на Гаус Институт и координатор на проектот поддржан од Северноатлантската алијанса; автор на проектот „Магична земја на бајките и приказните“ и „Ноќ со Андерсен“ добитник на признанието Микрософт експерт едукатор во образованието; автор на едукативни работилници за деца, тренер и ментор на едукатори и родители во рамки на проекти на УСАИД, „Чекор по чекор“, „Пријатели на образованието“, „Креатива“ „Хелен Дорон“; член на тимот за анализа на Националната стратегија за образование; член на тимот за подготовка на новите наставни програми за почетните одделенија 2017/2018.

Сопруга и мајка на шеснаесет годишен син.

Хоби: креативни решенија за изработка на наставни ресурси, пишување, читање, семејни прошетки.

Професионално мото: „ Сами можеме многу, заедно можеме се!“

Научив дека секоја промена започнува најпрвин од самиот себе, а вештините за тимска работа, соработка и континуиран професионален развој се достапно богатство кое гарантира успех во колективот и пошироко. Учениците, родителите и локалната заедница се партнери во образованиот процес, а соработката со нив е гаранција за успех при секој наш чекор напред.

Нашиот тим умее да застане „од другата страна“, реално да ги согледа сфаќањата, проблемите и чувствата при различни ситуации , а со единствена цел, да обезбеди услови за реализација на образование по мерка на современото дете. Креативната и стимулативна средина за учење е важен предуслов за унапредување на квалитетот на образованието и воспитанието и наша мисија со која придонесуваме кон нашата заедничка желба, училиштето да биде омилено место на нашите ученици, каде стекнуваат применливи знаења и вештини нa 21 век.