Основното училиште„ Гоце Делчев “ од Могила добитник е на ТРЕТО ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ

Основното училиште„ Гоце Делчев “ од Могила добитник е на ТРЕТО ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ

Основното училиште„ Гоце Делчев “ од Могила добитник е на ТРЕТО ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ . Зеленото знаме се доделува како највисоко признание за работа на проекти од областа на екологијата  во рамки на проектот Интеграција на еколошката едукација во воспитно образовниот процес, кој веќе осум години се спроведува во градинките и училиштата во Македонија преку Министерството за образование и наука и ОХО.  Со посебна гордост истакнуваме дека сме едно од ретките училишта во Македонија што трет пат го добива ова признание што всушност значи дека знамето е во наша трајна сопственост и официјално сме ЕКО – училиште. Во училиштето се работеше на проекти од четирите подрачја : Заштеда на вода, Зачтеда на енергија, Уредување на училишната зграда и Уредување на училишниот двор.

Од Еко-стандард  ЗАШТЕДА НА ВОДА реализирани се следните точки на акција:

  • Поставување нови казанчиња во сите тоалети во училиштето
  • Поставување нови чешми во училиштето
  • Презентација за важноста на водата
  • Поставување на потсетници за штедење вода

Од Еко-стандард  ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА реализирани се следните точки на акција:

  • Поставување пвц дограма во две училници во сутеренот на училиштето
  • Поставување на термо изолација при реновирањето на две училници
  • Поставување на потсетници за штедење електрична енергија
  • Презентација за обновливи извори на енергија

Од Еко-стандард УРЕДУВАЊЕ НА УЧИЛИШНИОТ ДВОР  реализирани се следните точки на акција:

  • Уредување место за приредби и училишни настани ( настани)
  • Поставување трибини на спортското игралиште
  • Уредување на училишниот двор со цвеќе
  • Поставување потсетници за уреден двор и чиста околина

Од Еко-стандард ОДРЖУВАЊЕ НА УЧИЛИШНАТА ЗГРАДА реализирани се следните точки на акција

  • Набавка на 30 нови столчиња
  • Еко – патроли
  • Уредување на еко – катче
  • Изработка на ѕидна слика со пластични капачиња(реупотреба – дизјн)
  • Собирање и рециклирање на пластика и хартија

Дел од проектите како што е селектирањето на отпад, собирањето плстични капачиња и едукативните активности за штедење ќе ги спроведуваме и понатаму а дел од предвидените како што се училница на отворено, училишна градина, целосно реновирање на фасадата ќе се обидеме да ги реализираме наредната година, во соработка со општината или преку донации и други проекти .

Директор

Наташа Бошковска

Еко тим