Христос се роди! Навистина се роди! Воздухот е исполнет со радост! За многу години да е највеселиот христијански празник Божиќ со кој го славиме раѓањето на нашиот Бог. Божјата милост да ги облее нашите срца и Христос да ни подари мир и спокој во душата, почит и меѓусебно разбирање и силна верба заеднички да создадеме услови за подобра и посреќна иднина за сите. Ви посакувам секој дом да биде исполнет со љубов, радост, топлина, благосостојба и добро здравје! Да се обидеме да ја зачуваме божиќната магија во текот на целата година, за да бидеме подобри, похумани и да правиме по едно добро дело секој ден. За многу години!