Почитувани жители, ви го честитам празникот Бадник, ноќ спроти Христовото раѓање. Посната бадникова вечера нека ги сплоти сите семејства и нашите срца да се отвораат за добри дела. Во добро здравје со чиста мисла и ведар дух започнете го празнувањето. Да бидеме будни, во мир и љубов да го дочекаме Рождеството Христово! За многу години!