Средба со жителите во Добрушево, Ношпал, Беранци и Српци

Пред присутните ги изнесов предлог- проектите кои ќе бидат испланирани во Буџетот на општина Могила и ги запознав со обврските и долговите кои ги наследивме од претходното раководство, поради кои ќе имаме ограничени финансии и можности за реализација.
Целта на состанокот беше да ги слушнам нивните потреби и проблеми со цел заедно да најдиме решение на истите. Дел од нивните барања се: чистење на дивите депонии и преземање мерки за спречување на нови депонии, одржување на уличното осветлување, да се порамнат најкритичните полски патишта, општинскиот скип да биде на располагање за општо-корисна работа.
Барањата им се реални и остварливи, истите ќе бидат решени во најскоро време.
Продолжуваме со средби со жителите, заедно со членовите на Совет и во другите населени места. Вашите барања секогаш ќе бидат приоритет.
Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email
Print

Информации

Седници на совет

Општина Могила

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.

Општина Могила © 2023. Сите права се задржани. Дизајнирано од Optimus Solutions.