Соопштение!

Почитувани,

Ве информираме дека на ден  07.11.2022 (понеделник) се објавени огласите за невработени лица и работодавачи за мерките (ОП 2022 – ИПА):

2.1 Субвенционирање на плати-ИПА (за 6 месеци, со обврска од +3 месеци);

3.1 Обука кај познат работодавач-ИПА;

5. Практикантство-ИПА (само за млади до 29 години),

преку проектот на АВРСМ  „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“.

Огласите се објавени на веб-страната на Агенцијата, како е во дневните весници Слободен печат и Коха.

https://www.av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx   

Сите заинтересирани рабодотавачи и невработени лица можат да аплицираат согласно условите наведени во јавниот оглас.

ВАЖНО!

Целната група е проширена, освен ГМП корисници(корисници на гарантирана минимална помош), се вклучуваат и лица од следните категории на невработени лица:

∙             жени,

∙             Роми,

∙             млади до 29 години,

∙             лица со попреченост, и

∙             долгорочно невработени лица

Ви благодариме на соработката,

Со почит

 Mr.Jeshim Sefulovska

 Раководител на Центар за вработување Битола

Агенција за вработување на

Република Северна Македонија

Адреса:  „Ѓорче Петров “ ББ. , 7000 Битола

Тел. +389 47 237 464

Моб. +389 71 33 02 35

jesim.sefulovska@av.gov.mk

www.av.gov.mk

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email
Print

Информации

Седници на совет

Општина Могила

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.

Општина Могила © 2023. Сите права се задржани. Дизајнирано од Optimus Solutions.