Советот на општина Могила ја одржа 17-тата седница

Советот на општина Могила ја одржа 17-тата седница

По усвојувањето на записникот од претходната седница советниците го разгледаа и усвоија дневниот ред од 17-тата седница на која што имаше 10 точки на дневниот ред.

На почетокот на седницата советниците едногласно ја усвоија Предлог – Одлуката за Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Могила. На седницата на Советот на општина Могила беше донесена Одлука за измена и дополнение на Годишен план за јавни набавки за 2018 година на општина Могила.

Советниците донесоа Одлука за одбележување на празникот на општината “12 Септември“ – 2018 година.

Советот на општина Могила донесе Одлука за доделување на училишен прибор на секое дете во 1-во одделение во учебната 2018/2019 година во трите централни и сите подрачни училишта на територијата на општината.

На 17-тата седница на Советот на општина Могила беше донесена Одлука за прифаќање на Понудата за снимање на документарен филм за општина Могила на македонски и англиски јазик.