Oпштина Могила ги поканува сите заинтересирани жители на Општината да дадат свој придонес со предлози за решавање на потребите на Сесијата “Бура на идеи“ која е дел од Проектот PREP4 MSIP a ќе се одржи на 6 февруари 2020 год. (в четврток) со почеток во 11.00 часот во Големата сала на Дом на Култура Могила.
Целта на сесијата е да се зајакне граѓанското учество во процесите на одлучување на локално и регионално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните и регионалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.