Надлежности на Општината

Според законот за локална самоуправа, „Општина“ е единица на локална самоуправа, како заедница на жителите на одредено подрачје, утврдено со закон, која преку своите органи и преку администрацијата и организираните јавни служби, овозможува вршење на надлежностите пропишани со закон. Општините се правни лица и своите надлежности ги извршуваат преку органи избрани непосредно од граѓаните.

Прописи на општината:

  • Општината го уредува вршењето на своите надлежности со статутот и други прописи.
  • Со статутот на општината се уредуваат:
    • организацијата и работењето на органите на општината, организацијата и работењето на комисиите на советот;
    • вршењето на работите од членот 20 на закон за локална самоуправа; начинот на информирање на граѓаните;
    • начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на општината и постапување по нив;
    • начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните;
    • начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба, како и други прашања од значење за локалната самоуправа.
  • Прописите на општината се објавуваат пред да влезат во сила.
  • Начинот на објавувањето на прописите се уредува со статутот.

Општината има свои грб и знаме.

                                        

Општината е надлежна за вршење на следните работи:

  • Урбанистичко  (рурално) планирање, издавање на одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со Закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште;
  • Заштита на животната средина и природата, во смисла на преземање на мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата;
  • Локален економски развој, во смисла на планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојни и структурни приоритети, водење на локална економска политика;
  • Комунални дејности, во смисла на снабдување со вода за пиење, испорака на технолошка вода, одведување и пречистување на отпадни води, одведување и третман на атмосферски води, јавно осветлување, одржување на јавна чистота, собирање, транспортирање и постапување со комунален цврст и технолошки отпад,одржување и користење на паркови, зеленило, регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизирани делови, определување на имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти;
  • Култура, во смисла на институционална и финансиска подршка на културните установи и проекти, негување на фолклорот, обичаите,  организирање на културни манифестации;
  • организирање на спортски приредби и манифестации, одржување на објекти за спорт, како и поддршка на спортски сојузи;
  • Образование, во смисла на основање, финансирање и администрирање на основни  училишта во соработка со централната власт, во согласност со закон, како и организирање на превоз  на ученици;
  • Противпожарна заштита вршена од територијалната противпожарна единица;
  • Надзор над вршењето на работи од надлежност на општината;
  • Други работи определени со закон.
Mogila_Municipality

Општина Могила

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.

Општина Могила © 2023. Сите права се задржани. Дизајнирано од Optimus Solutions.