Се известуваат граѓаните на Општина Могила, кои имаат пријавено штети од природни непогоди – град во 2018 год., дека согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Македонија за 2022 година, одобрени се 10% од проценетата штета или вкупно 6.376.097 денари.
Согласно Одлуката, во текот на месец септември 2022 година ќе биде исплатена половина од сумата, додека другата половина ќе биде исплатена до крајот на фискалната 2022 година. Општина Могила на секој граѓанин ќе му ја исплати проценетата сума на трансакциската сметка.