Известување

И З В Е С Т У В А Њ Е

 Почитувани,

Врз основа на Програмата за спорт и култура на Општина Могила за 2022 година бр.08-835/25 од 10.12.2021 година (“Службен Гласник на Општина Могила” бр.18/21), Општина Могила ги повикува сите спортски клубови регистрирани на подрачјето на Општина Могила да поднесат барања за финансиска поддршка од Буџетот на Општина Могила за 2022 година.

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Могила за 2022 година, наменети за спортски клубови регистрирани на подрачјето на Општина Могила, ќе се врши согласно Програмата за спорт и култура на Општина Могила за 2022 година бр.08- 835/25 од 10.12.2021 година (“Службен Гласник на Општина Могила” бр.18/21).

Рокот за поднесување на Барањата започнува од 07.02.2022 година а крајниот рок за поднесување е 20.02.2022 година. Барањата се доставуваат лично или по пошта на адреса: ул. “Димче Могилчето” бр.106, 7216 Могила, или во архивата на Општина Могила од 07:30 – 15:30 часот.

Во прилог на Барањето за финансиска поддршка потребно е да доставите и Извештај за искористени финансиски средства од претходната година.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email
Print

Информации

Седници на совет

Општина Могила

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.

Општина Могила © 2023. Сите права се задржани. Дизајнирано од Optimus Solutions.