После серијата земјотреси кои ја зафатија територијата на Општина Могила на ден 09.01.2022 година и 10.01.2022 година, се повикуваат жителите на Општина Могила кои претрпеле штета, истите да поднесат барање за проценка на штета во просториите на Општина Могила.
Во прилог на барањето потребно е да се достави:
- Имотен лист/ доказ за сопственост(не постар од 30 дена)
- Фотографии во боја од оштетениот објект
- Копија од лична карта
- Копија од трансакциска смета
Врз основа на доставените барања, Комисијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи од Општина Могила, ќе изврши проценка на штетите на терен, по што ќе биде соодветно постапено.
Барањата можат да се доставуваат од 12.01.2022 година (Среда) до 28.01.2022 година (Петок) од 07:30 до 15:30 часот.
Општина Могила