Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола преку платформата Zoom одржаа работилница на тема: „Користење на ИТ алатки за комуникација за време на пандемија“.
Преку оваа активност учесниците беа запознаени со ИТ алатки применливи и корисни за проектен менаџмент, алатки за размена на документи и соработка како и со алатки за организирање на видео конференции.
На работилницата учество зеде и градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска која сподели информации за справувањето со коронавирусот во општината каде што досега нема ниту еден заболен, како и за изведувањето на настава од далечина во основните училишта во Општина Могила.
Интерактив – Битола овој проект го спроведува со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.