Драганчо Саботковски

Градоначалник на Општина Могила

mogilaop@t.mk
+389 47 296 466

Драганчо Саботковски е роден на 11 јуни 1989 год. во Битола. Саботковски е семеен човек, татко на едно дете. Основно училиште завршува во ОУ „Кирил и Методиј“  во с. Могила, а средно образование во СОТУ„ Ѓорѓи Наумов“ во Битола. Своето неформално образование го продолжува преку многубројни курсеви, конференции и обуки за  претприемништво, финансиско работење, мрежен маркетинг и обуки од областа на продажбата и осигурувањето. Претходно работи како агент за продажба на осигурување. Одговорно работење и фокус кон најдобра услуга за клиентите е негова карактеристика. Тој е комуникативен со свој изграден став и карактер и секојдневно е во контакт со жителите на општината. Своето знаење и искуство од завршените обуките за успешни земјоделски практики и иновативни технологии во земјоделството несебично ги споделува со сограѓаните, но знае и да го извлече најдоброто од искуството на другите, што е карактеристика на една отворена и достапна личност. Голем патриот, чесен човек со високи морални, лични и професионални квалитети, кој се залага за решавање на проблемите на граѓаните. Поддржувач е на голем број спортски настани во општината и има организирано многубројни хуманитарни акции заедно со своите сожители и пријатели.

На 17-ти октомври 2021 година, Драганчо Саботковски е избран за градоначалник на општина Могила во прв круг со голема разлика пред противкандидатите. Негова најголема амбиција е Могила да стане поубаво место за живеење,  да биде инфраструктурно уредена и да се намали иселувањето на младите од Могила.

Прием кај градоначалникот е секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

Социјални мрежи:

Надлежности

  • Ја претставува и застапува општината;
  • Ја контролира законитоста на прописите на Советот;
  • Ги објавува прописите на Советот во Службен гласник на општина Могила;
  • Го обезбедува извршувањето на работите кои што и се со Закон делегирани на општината;
  • Иницира и предлага донесување на прописи од надлежноста на Советот;
  • Го предлага годишниот буњет и годишната сметка на буџетот на општината;
  • Го извршува Буџетот на општината;
  • Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
  • Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
  • Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со законот;
  • Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
  • Раководи со општинската администрација;
  • Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
  • Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со законот и статутот и врши други работи утврдени со законот и со статутот.
Mogila_Municipality

Општина Могила

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.

Општина Могила © 2023. Сите права се задржани. Дизајнирано од Optimus Solutions.