| Добредојдовте |
|
|
Почитувани граѓани на општина Могила и посетители на оваа страница, Со задоволство и гордост Ви ја претставуваме новата интернет страница на општина Могила, преку која се надеваме дека ќе Ви се доближиме поблиску до Вас граѓаните-од една страна за осознавање на секојдневните потреби од нашите услуги, како и помогнување при добивање на информации од различен карактер-од друга страна, за кои информации самата администрација на о.Могила има должност да Ви ги обезбеди. Воедно транспарентноста, информациите и активностите кои произлегуваат од секојдневното работење на општината се од есенцијално значење, со кое нашата општина се гордее, и Ви овозможува на овој начин да се доближи до Вас, а со помош на Ваши сугестии и да се подобри. Мобилноста, потребата од квалитетни информации во вистинско време и лесниот пристап до нив, се карактеристики на времето во кое живееме и се од есенцијално значење за да ги оствариме, сите заедно, целите кон кои тежнееме - подобар, поквалитетен и економски посигурен живот во општина Могила. Токму од тука е потребата за електронски пристап до сите информации кои Ви се фундаментални за подобар и поквалитетен живот, кои ние како општинска администрација мораме да Ви ги обезбедиме. Со почит, Градоначалник на општина Могила, Славко Велевски |