| Доводен цевковод за водоснабдување |
|
|
На 7 март 2010 год. во с.Дедебалци, општина Могила, од страна на премиерот на Република Македонија - Никола Груевски, министерот за одбрана - Зоран Коњановски, министерот за транспорт и врски - г-дин Миле Јанакиевски, пратеници од собранието на Р.Македонија, градоначалникот на општина Новаци - Лазе Котевски, како и градоначалникот на Општина Могила - Славко Велевски, беше предаден во употреба доводниот цевковод за водоснабдување од регионалниот водовод со користење на вода од градски водовод на Битола за населените места од општина Могила: Дедебалци, Добрушево, Алинци и Ношпал, како и селата од општина Новаци и тоа Далбеговци, Горно и Долно Агларци. Со изградбата на овој цевковод се овозможува и меѓусебно спојување на двата краци Битола-Новаци-Добромири од стрaна општина Новаци и кракот Кукуречани-Могила-Радобро-Трап-Будаково, од страна на општина Могила. Изградбата на последната фаза од доводниот цевковод од страна на општина Могила е всушност продолжение на доградбата на водоводниот систем т.н крак Г, започнат во 1999/2000 година до Могила, потоа 2001/2002 до Радобор и Долна Чарлија, 2003/2005 Трап и Будаково и 2008/2009 година за Дедебалци-Добрушево-Алинци-Ношпал. Тоа значи во периодот од 1999 година до 2009 година се изградени 25 километри главен доводен цевковод и уште околу 15 километри секундарна водоводна мрежа. Изградбата на овој систем ќе овозможи замена на користење на водата од постоечките бунари или извори, вода која не е секогаш контролирана нејзината исправност и е постојано забранувана за употреба од страна на Дирекцијата за храна поради неисправност. Ќе се реши недостигот на вода во летниот период, ќе влијае на промена кон подобрување на животот на граѓаните, како и идниот развој на регионот во целост. |