| Презентирани предлог-буџетите во Могила Новаци |
|
|
Шестата форумска сесија од меѓуопштинскиот Форум во општините Могила Новаци се одржа на 22 февруари, во општина Новаци. Презентација на буџетите и активностите на проектите на работните групи беа дел од Форумот, што изминатите месеци се одржува во овие две општини во рамки на програмата “Форуми во заедницата“. Вкупниот буџет за првиот предлог-проект “Воспоставување на системи за управување со уличен комунален отпад на територијата на двете општини“ изнесува 1.285.400 денари. Расфрлен комунален отпад – повеќе не“! е вториот предлог-проект чиј вкупен буџет изнесува 777.500 денари. Сесијата ги презентираше предлог-буџетите и на останатите два предлог – проекти: “Четири игралишта и чисти училишни дворови – наместо отпад и лоши навики во Могила и Новаци“ и “Конечно без расфрлан комунален отпад – јавни комунални претпријатија во општините Могила и Новаци“. Средствата предвидени за едниот предлог-проект изнесуваат 7.675.780 денари, а за другиот 6.336.240 денари. Вкупниот буџет на Програмата за овие две општини изнесува осум милиони денари, од кои два милиони денари се учество на општината и шест милиони денари донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). |