Презентации на предлог-проектите во Могила Новаци Печати
Околу 115 жители на општините Могила и Новаци присуствуваа на петата форумска сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 25 јануари во ресторанот “Колта“ во Могила.
Вкупно четири предлог-проекти, како првични идеи за проекти, презентираа работните групи кои изработија резимеа на предлог-концептите.
Првиот предлог-проект “Четири игралишта и чисти училишни дворови наместо отпад и лоши навики во Српци, Трновци, Далбеговци и Гермијан“, подразбира отстранување на комуналниот отпад од подрачните училишта и обезбедување и поставување спортска опрема.
Предлог-буџетот изнесува два милиони денари, а спроведувач би бил НВО Могилка.
Вториот предлог-проект “Отпадоци на улица – повеќе не“!!! има за цел дефинирање на проблемите по здравјето на луѓето, стекнување навика за класифицирање на отпадот и подобрување на размислувањето кај младата популација за фрлање на отпадот.
Предлог-буџетот за овој проект изнесува околу 32 илјади евра, а спроведувач би бил НВО Могилка.
Презентацијата на третиот предлог-проект “Воспоставување на систем за управување со уличен комунален отпад на територијата на оптшините Могила и Новаци“, опфаќа набавка и поставување на 40 контејнери на фрекфентни локации и пред јавни установи, како и создсавање нови навики за фрлање комунален отпад во контејнери.
Предлог-буџетот за овој проект изнесува 744 илјади денари, а спроведувач на проектот би бил НВО ЕД Пелагонија-Новаци.
“Расфрлен комунален отпад-повеќе не!“ е четвртиот предлог-проект, чија главна цел е формирање Јавно комунално претпријатие (ЈПК) во општините Могила и Новаци и нивно опремување со возила за собирање на отпадот.
Предлог-буџетот за проектот изнесува седум милиони денари, а спроведувачи на проектот би биле Јавните комунални претпријатија на општините Могила и Новаци.